Светскиот Супербајк Шампионат за 2013 година можеби е во тек по извозената прва рунда од сезоната на Philip Island, но невообичаено, тоа е направено без календарот официјално да биде објавен.
Марко Меландри имаше операција на неговото рамо вчера попладне во обид да го реши проблемот кој настана по падот кој му се случи на првата трка минатата година во Портимао.
„Би било добро доколку Кејси Стонер вози во Светскиот Супербајк Шампионат. Но Кејси не е ефтин. Исто така би било добро доколку тој ни помогне во развојот на моторот“.
Том Сајкс изјави дека е задоволен што два пати заврши меѓу првите пет возачи на рундата која се одржа на Филип Ајленд и додаде дека воопшто не се надевал дека ќе вози по страшната несреќа која ја доживеа на претсезонските тестирања.
Стравотниот судар помеѓу Карлос Чека и Марко Меландри на првата трка од Супербајк шампионатот беше овековечена во неколку фотографии на патеката Филип Ајленд.
Априлија забележа 1-2-3 победа на првата трка од сезоната на Филип Ајленд. Силвијан Гинтоли дојде до 4-та победа во кариерата, а во фото финишот за втората позиција поуспешен беше Јуџин Лаверти пред Микел Фабрицио.
Според германскиот веб сајт Speedweek.de наместо Супербајк трките кои требаше да се одржат од 2-4 август на патеката Силверстоун во Англија, ќе имаме можност да следиме трки на Истанбул Парк во Турција.
После убавиот и сончев прв ден на Philip Island, вториот и последен ден на тестирањето се оддржа под сиво небо и со неколку капки дожд кои ја направија патеката на некои места сува, а на некои влажна.