Победата за Чаз Дејвис од тимот на БМВ на втората трка во Нирбургринг дојде по прекин на трката пред крајот заради истурено масло на патеката. Втор финишираше Јуџин Лаверти, а на третата позиција го видовме Марко Меландри.
По двојната победа во Имола со која се искачи на врвот на табелата за прв пат оваа сезона, Том Сајкс ќе се обиде да ја зголеми својата предност на осмата трка од Светскиот Супербајк шампионат која ќе се одржи овој викенд.
Фанови на Светскиот Супербајк Шампионат внимавајте, Дорна најави нови правила за намалување на трошоците кои ќе почнат да се применуваат од 2014 година.
На почетокот на овој месец, комитетот на Светскиот Супербајк шампионат објави дека во три фази ќе имплементира нови технички правила кои ќе започнат да се применуваат од следната сезона.