Единствениот претставник на Мотоциклистичка федерација на Македонија (МФМ), Слободан Ивчески на првиот натпревар од Европски шампионат во супермото за 2012 година кој се одржа на 20 мај на патеката во Плевен, Бугарија после двете возења со вкупно 27 бодови го освои осмото место.
Под покровителство на Мотоциклистичка федерација на Македонија,во техничка организација на МК Мотостарс од Битола со поддршка од Општина Битола, ЕЛЕМ и Цермат, на 20 мај на патеката Смолево крај Битола се одржа натпревар од Шампионатот на Македонија во мотокрос за сезоната 2012.