Нашиот најдобар мотокрос натпреварувач Христиан Илиоски во рамките на шестиот натпревар од Светскиот шампионат во мотокрос за 2012 година кој се одржа на 9 и 10 јуни на патеката во Орахова Вас, Словенија успеа во првата трка да стигне до 24 место.
Изминатиов викенд во Плевен, Бугарија беше одржан вториот натпревар од Источно Европскиот Шампионат во брзински мотоциклизам, во организација на Бугарската Мотоциклистичка Федерација.
Под покровителство на Мотоциклистичка федерација на Македонија,во техничка организација на МК Шари мотокрос на3 јуни на патеката Порој крај Тетово се одржа натпревар од Шампионатот на Македонија во мотокрос за сезоната 2012.
Хорхе Лоренцо дојде до победа во битката со сонародникот Дани Педроза пред домашната публика на патеката Каталуња и со тоа ја зголеми предноста во генералниот пласман пред актуелниот Светски шампион, Кејси Стонер.
Актуелниот Светски шампион, Кејси Стонер, дојде до пол позиција на денешните квалификации на патеката Каталуња. На утрешната трка во првиот ред на стартот друштво ќе му прават Хорхе Лоренцо и Кал Крачлоу.