Марко Меландри го забележа најдоброто време на денешната прва квалификациска сесија пред трката на патеката Арагон во Шпанија. На втората позиција засега е актуелниот лидер во генералниот пласман Макс Бијаџи, а на третата позиција се најде Том Сајкс.
Тимот на Кавасаки веќе започна да го применува новото правило кое ќе стапи на сила следната сезона во Супербајк шампионатот. Сите тимови ќе бидат задолжени да стават налепници на своите мотори во форма на фаровите кои ги имаат нивните сериски мотори.
Нашиот најдобар мотокрос натпреварувач Христиан Илиоски ќе ја претставува Македонија и Мотоциклистичка федерација на Македонија (МФМ) на седмиот натпревар од Светскиот шампионат во мотокрос за 2012 година кој ќе се одржи на 1 јули на патеката во Сенквице, Словачка.