Сега веќе докажаниот CFMOTO 700 CL-X Heritage добива свој спортски брат со нео-ретро тркачки дизајн. 

CL-X 700 Sport го има истиот агрегат и погон како и моделот Heritage, но драстично се разликува во детали и тоа: дизајн, механика, сопирачки итн. Како што наговестува неговото име, ова е верзијата Sport. Она што го издвојува е двојниот диск за кочниците напред и поагресивната возачка позиција и поцврсто, порамно седиште.

МОДЕРЕН И РЕТРО ДИЗАЈН

cfmoto clx 700 sport srbija

CL-X 700 Sport е мотоцикл чиј дизајн сака да постане стандард во класата помеѓу модерно и ретро и кој го привлекува вниманието на секој моторџија. Неговиот естетски стил на café racer доби нова интерпретација со извонредни перформанси и софистициран стил. Кружните LED светла изгледаат фантастично со затемнети предни суспензии, додека тркалезните ретровизори и резервоарот за гориво се во стилот на 80-тите години на ХХ век. Новиот модел од CFMOTO фамилијата е стандардно опремен со Cruise Control – темпомат, ABS двоканален систем за сопирање, Ride by Wire-елекронска контрола на гаста, BREMBO сопирачки, KYB суспензија, превртена предна вилушка, дигитален дисплеј и LED осветлување. Кога се гледа било кој агол, CFMOTO 700 CL-X SPORT има спортски ретро-агресивен изглед. Целиот изглед на моторот дава впечаток на динамичен и агресивен уличен борец. Мускулестиот резервоар за гориво, заедно со двобојната нијанса, остава силен визуелен впечаток.

ФРАЕР ПО КОЈ СЕ ВРТАТ СИТЕ 

20210819115918162934555849869 1080x770 1

CFMOTO CL-X 700 SPORT има мотор од 693 cm3, кој испорачува спортски 74 КС при 8.500 вртежи во минута. Овој модел ја покажува својата природа над 3.000 вртежи во минута. Дизајниран во партнерство со KISKA (студио кое се занимава со стилизирање на мотоциклите на КТМ) очигледно се исплати. Целиот мотоцикл е полн со убави изработени детали. 

Изборот на материјали користени за изработка на моделот CL-X 700 Sport бил посебен процес на кој му е посветено многу време. Па оттаму може слободно да кажеме дека CFMOTO со овој модел прави чекор напред во своето производството на мотоцикли.

CFMOTO CL – X700 SPORT е интересен градски мотоцикл, кој својот сопственик ќе го исполни со адреналин и задоволство секогаш кога ќе вози. Неговата главна цел се градските крстарења, но секако оние кои се заљубени во овој модел ќе одат и на кратки патувања надвор од градот.

Моделот е достапен во салонот на CFMOTO Македонија, а се надеваме дека наскоро истиот ќе биде достапен и за тест возење налик на она од минатата година кога официјалниот застапник на располагање на локалните љубители на мотоцикли им стави 4 од своите модели на располагање за тест возење. 

Back To Top