Kawasaki ја проширува гамата на KLE500 за 2027 година со новата Smartride технологија
Една година по првичното претставување, Kawasaki го освежува својот модел KLE500 за 2027 година, воведувајќи...
Препорачливо е и оние кои ќе продолжат да возат за време на зимата да искористат дел од советите во продолжение за да го зачуваат моторот во топ состојба. И покрај тоа што многумина веќе го гаражираа својот мотор, никогаш не е доцна да се подготви зимскиот сон за вашиот љубимец на вистинскиот начин.

На 25 април 2009год, прославивме една година од постоењето на МК BEARS од Куманово. МК BEARS брои 14 членови, моторциклисти ентузијасти, кои се стремат мото културата да се искачи на повисоко ниво.
Името Мечки (BEARS) го одбравме како симбол на моќ, мечката се карактеризира како животно кое живее самостојно, кое ја брани својата територија, а како симбол ја користиме мечкината шепа со моторцикл во неа, која е во бела боја на црна позадина.
За ова кратко време од нашево постоење, нашиов клуб на 23 декември 2008 год, организираше акција под името Дедо Мраз на мотор, на кој им беа доделени новогодишни пакетчиња на децата од Дневниот центар за грижа на лица со посебни потреби од Куманово.
Во акцијата бевме поддржани и од наши пријатели од другите мото клубови од државава. И се надеваме дека оваа акција ќе ни биде традиционална во годините што следат.
Списокот со членови и фотографии ќе биде додаден наскоро.
Контакт е-маил:
Веб адреса: www.mkbears.webs.com

MCC Coyotes e формиран како заокружување на едно долгогодишно другарување помеѓу членовите на клубот.
Клубот брои 11 членови, секогаш расположени за дружење, прошетки и возење низ републикава.
Заедничко на членовите на овој клуб се разбира дека е љубовта кон моторите, а клубот е фокусиран кон запознавање на нови луѓе и создавање на нови пријателства. Членовите на клубот не се занимаваат со мото трки, едноставно предност даваме на турингот.
За било какви информации можете да не контактирате на
Во продолжение и листата на нашите членови:
Дарко
|
Bruce Lee
|
![]() Антонио
|
![]() Тони
|
![]() Фикрет
|
![]() Дојчинович
|
| |
||
![]() Гоце - Мајка
|
![]() Џери
|
![]() Коки
|
| |
||
![]() Брко
|
![]() Велче
|
![]() Зоран - Путер
|
И неколку фотографии од нашите возења:

Клубот е формиран и постои веќе три години, а идејата за него доаѓа со самата традиција на градот Велес, кој е познат години наназад по имињата на денес веќе познати возачи во мото спортот.
Клубот официјално брои околу 15 -тина членови, а интересот за него е се поголем од младите во овој град. Веќе извесно време сме во преговори за одржување на еден мото собир на кој и официјално ќе се представиме пред останатите мото клубови но, за тоа навреме ќе бидете известени.
Мотори кои моментално ги имаат членовите на клубот се: Suzuki Hayabusa, Yamaha
R1, Kawasaki ZX-10R, Suzuki GSX R, и други.
Редовно ги посетуваме скоро сите собири и трки во Македонија и надвор од неа, а од неодамна и учествувавме на трките во Вршац и Кичево.Таму не представуваше Караколев Ѓоре кој после подолга пауза повторно се појавува на тркачите патеки во класата од 1000cm3.
Во прилог на оваа кратка биографија за мото клуб "Speedy east" Велес ви испраќаме некои наши фотографии и можноста за отворена соработка со сите.
Поздрав Председател
Мото клуб "Speedy east" Велес Караколев Александар




Wow. Ова беше првото што ми помина низ главата по тест возењето на Kymco Xciting 300 Ri. Најголемата Тајванска фабрика за скутери повторно одлично си ја завршила работата со серијата Xciting во која се вградени агрегати со директно вбризгување со зафатнина од 270 и 499цц. Двата модела се достапни во две верзии - стандардна и R верзија, која ја добивме на тест.

МОТО ФЛЕШ (MOTO FLASAH) Струмица е регистриран уште во 1999 год. и функционираше некое време но поради одредени причини беше ставен во мирување.
По иницијатива на четворица ентузијасти клубот беше повторно активиран на 19 Април 2009 со цел да се обединат сите моторџии од Струмица кои се љубители на патувања, добра забава ,R&R, посета на разни мото собири и мото случувања.
Наша цел е пред се добро дружење и промовирање на мото културата како во Македонија така и во странство и ке се заложиме во иднина и во Струмица да организираме мото настани кој ке прераснат во традиција и ке бидат посетени од сите љубители на вакви настани.
Повеќето од членовите на овој мото клуб се фамилијарни луѓе кој своето слободно време го користат за групни вожњи заедно со своите сувозачици и посети на разни мото случувања или викенд возења и посета на излетнички места или културни споменици и др.
Затоа ја носиме и ознаката ЕМ СИ СИ (MCC) според некој пишани и непишани правила и секој кој ќе се најде себеси во ова може да се смета за потенцијален член на овој мото клуб.
Активностите на мото клубот како и слики од разни случувања може да се видат на: www.motoflashmcc.blogspot.com
Да ги претставиме членовите:
Претседател:
Игор Манчев - HONDA GOLD WING 1200
Софче Манчева

Зоран Стојанов – SUZUKI GSX1000F
Нетка Стојанова

Тони Тондев – HONDA CX500C
Магда Тондева

Ангел Бинев – MOTO GUZZI(FALCONE)500
Васка Бинева

Мики Донев – RUNNER 180

Дени Мафков – SCUTER 50

Лазо Соколов – HARLEY DAVIDSON 1200

Трендо Николов – SCUTER 150
Лиле Николова

Љупчо Мастев – SUZUKI GSX 1000 F

Петар Јанев – SCUTER 250

Се возиш по пат и приоѓаш на кривина, но имаш некое чувство дека си влегол во кривината пребрзо и дека нема да успееш да поминеш. Твојата траекторија низ кривината оди во правец на дрвото кое се наоѓа на надворешниот страна на кривината. Што би требало да направиш? Да закочиш? Да одземеш гас? Да скокнеш од моторот? Еве неколку совети....
QM200GY е супермото модел на кинескиот производител QINGQI, карактеристичен и познат по својата издржливост. За разлика од останатите кинески мотори, за Qingqi нема да најдете хорор натпис на некој мото форум, или пак да слушнете дека во возење на некого му се откачиле рачките.

Во повеќето земји на Балканот не постои но се случи во Македонија-Женски Мото Клуб Velvet Angels
Позади името Velvet Angels гордо стојат кадифените ангели припаднички на понежниот пол кои во потрага по адреналин и дружење решија да го формираат овоj МК клуб. Пратени од погледите на минувачите низ градските улици девојките спонтано се обединија во единствен женски мото клуб.Официјалното раѓање на Velvet Angels се случи на 01.10.2008 год.
Со програмата предвидена во статутот на клубот кадифените ангели ќе се залагаат за ширењето на мото културата во и надвор од државата особено помеѓу женската популација.За таа цел Velvet Angels ќе организира различни мото манифестации(собири,игри,возења низ државата, посета на останати мото настани...).
Како нова појава во моторџиските кругови и на асфалтот Velvet Angels очекува соработка и поддршка и од останатите МК и МЦ клубови.Засега кадифените ангели се поддржани за оваа своја иницијатива од сите до кој што допре веста за формирањето на клубот. Што се однесува до правилата за членсто во клубот неопходно е да се исполнат следните три услови:
1)Да се биде припадник на понежниот пол
2)Да се поседува моторцикл или скутер
3)Да се има желба за возење и дружба
*Припадниците на машкиот пол може да бидат дел од клубот како поддршка или совозачи.
Клубот Velvet Angels со активности ќе започне оваа сезона по неговото официјано представување на 23.05.2009, а за подоцнежните настани ќе има најава како на motori.com.mk така и на нашата web страна која е во изработка.
Првиот и единствен Женски Мото Клуб-Македонија
Velvet Angels
Индиската фабрика TVS во моделот Apache 150 всушност крие Сузуки машина. Со мотор направен по лиценца на челниот производител од големата јапонска четворка, Apache е вистинскиот одговор за градскиот метеж и неподносливите летни горештини.
Triumph е англиска марка која рака на срце на нашиве простори и немала некој позначаен удел во мото пазарот. Кога ни беше понудено да направиме тест на Street Tripple 675 (2008), првата реакција не беше којзнае каква. Се додека не седнавме на моторот.
Recetec K3 е серија на гуми која произлезе како наследник на Metzeler Racetec K0, K1 и К2. Разликата од овие модели до К3 е тоа што гумата од самата фабрика е квалификувана како гума за возење на градски асфалт, но со перформанси на гума за на стаза.
На sliki.com.mk се додадени повеќе од 500 слики од квалификациите и трката која викендов се одржа на патеката Милци во Гевгелија, на која се возеше за Источно Европскиот Шампионат во Мотокрос.
Затскриен во сенките на познатите имиња на Arai и Shoei, Nolan X-lite потајно ги заштитува главите на шампионите во 250GP и MotoGP. X-lite веќе подолго време произведува висококвалитетни и иновативни кациги, а првиот модел кој го привлече нашето внимание беше X-lite X901.
Motori.com.mk бара соработници кои ќе допринесат за зголемување на квалитетот на содржините кои се презентираат на порталот. Сите заинтересирани своите податоци заедно со полето на интерес за кое можат да пишуваат треба да ги испратат на
Сите заинтересирани можат да не контактираат на е-маил:
1. Имај на ум дека никој не те гледа.
За повеќето возачи на автомобили ти си невидлив. Никогаш не прави потег со претпоставка дека другиот возач те гледа, дури и ако си "сигурен" дека те видел. Останатите возачите не ги перцепираат моторите.
Веројатно секој од вас слушнал за Power Commander но на прсти се бројат оние кои имаат вакво мало пријателче во нивните мотори. Причината за ова најчесто е неинформираноста, луѓето мислат дека ако ставиле топ со самото тоа што моторот брчи повеќе и оди повеќе.
Доколку прашате било кој дистрибутер на мотори во земјава зошто продажбата на мотори не оди онака како што тие би посакувале, без размислување ќе ви одговорат дека цената е во прашање. По направеното истражување со купувачите изминатиот месец, процентите говорат нешто друго..
Редовните посетители на порталов се сведоци на "војната" што се разгоре на форумот со поставувањето на прашањето околу обележјата на македонските МК мото клубови. Пораката која беше адресирана директно до засегнатите страни се чини дека ги заинтригира сите, па така за неколку денови темата со наслов "грбови" се рашири на 7-8 страни...
На иницијатива на членовите на Motori.com.mk, a по повод 1 година од трагичната смрт на Тоше Проески, овој викенд ќе биде организирано групно возење и посета на гробот на Тоше. Собирањето е закажано за на 12-ти Октомври (недела) на бензиската МакОил во н.Лисиче, во 09.00часот, а поаѓањето за Крушево ќе биде најдоцна во 09.30.
Предводени од мислата дека ниеден медиум кај нас не ги третира мото случувањата, ниту домашни ниту странски, знаејќи и што се случуваше пред секој собир кога се ширеа дезинформации, а и неинфомираноста пред се на младите моторџии околу клубовите, настанати, трките, пред една година решивме да го донесеме на свет motori.com.mk
Чест ни е да ве поканиме на првиот роденден на сајтот, а ќе ни претставува задоволство доколку не удостоите со вашето присуство. Поканата е отворена за сите моторџии, членови и посетители на сајтов, сите клубови, сите добронамерници.
Забаватa ќе се одржи на 13-ти Септември (сабота) во пицерија Томас (по еднонасочната улица позади Рамстор, па првата уличка десно).
Сосем кратко, нема да коментираме што постигнавме, знаеме што не направивме, ама знаеме и што ќе направиме во периодов кој следи. Одиме напред!
Ивона Кировска е првата победничка на изборот за Летна Мото Убавица '08. Првиот ваков избор во нашата земја беше помогнат од сите спонзори на сајтов, за што уште еднаш сакам да им изразиме благодарност, како и до весникот Вечер, модното студио Црнокрак, модната куќа Кара и сите добронамерници и соработници на порталов кои дадоа се од себе за изборот да заврши успешно. Нормално како за прв пат имаше и пропусти, за кои сме свесни, и кои следната година сигурно ќе бидат надминати. Во продлжение следува текстот и и фотографијата од насловната страна на денешниот број на Вечер.
Фотки од настанот, овде .
Изборот за Летна Мото Убавица '08, полека се ближи кон крајот. Денеска ќе бидат претставени последните пет девојки од кои ќе биде одбрана и последната финалистка. Ивона Кировска е четвртата финалистка која патува во Охрид на 16-ти за финалето. Таа беше фотографирана во салонот на Диро во Скопје, беше облечена во модели на модната куќа Кара, а пред објективот на Димитар Апостолов се појави во друштво со Hyosung GT650R.
Заради технички причини фотографиите за изборот на третата финалистка беа ставени еден ден подоцна за гласање, па затоа сеуште изборот е во тек. Гласањето завршува вечерва на полноќ, па доколку сеуште не сте гласале за вашата фаворитка време е да го направите тоа. Гласајте овде.