Kawasaki ја проширува гамата на KLE500 за 2027 година со новата Smartride технологија
Една година по првичното претставување, Kawasaki го освежува својот модел KLE500 за 2027 година, воведувајќи...
Одличниот крузер на Кавасаки познат како VULCAN 1700 Voyager е навистина конкурентен на луксузните крузери, а цената му е на половина од нив. На прв поглед дури изгледа како целосна копија од моделите на Харли: "Electra Glide" или "Road Glide".
Во време кога цените на бензинот се екстремно големи, а градските метежи стануваат постојан проблем, останува да изнајдете начин како да го намалите трошокот за потрошувачката. Следуваат 10 совети за тоа како да ја намалите потрошувачката на вашиот моторцикл, сепак не заборавајте дека се зависи од тоа како го користите моторот.
Крис Фајфер одржа едно часовно шоу пред македонската публика која со нетрпение го очекуваше, а потоа следеше доделување на автограми и фотографирање со сите заинтересирани. На крај, пред заминувањето кон следната дестинација од турнејата го направивме и интервјуто за motori.com.mk
На тест овојпат од Hamachi добивме четвороцикл. Но не било каков, нејќевме да се мачиме со слаби машини, па го возевме "Дивиот Волк". Машина со водено ладење и капацитет од 400цц која развива 24кс, додадете на тоа и 4х4 пренос па добивате идеја што возевме...
И она малку слободно време што го има го посветува на кариерата, па затоа без проблем ја прифати нашата понуда да одговори на неколку прашања од македонските фанови. На Бен му испративме 20-на прашања од кои тој самиот одбра 10 интересни кои ги одговори.
Овој виkенд од 21 - 24 мај се одржа собирот - Harley Davidson во Патра. Овој собир го посети мото клубот Speedy East-Велес. Се започна на 21 мај во 8 часот наутро со многу дожд но, сепак се одлучивме да тргнеме со надеж дека ќе престане.

Идејата за формирање и делување на велешки Мото клуб долго време постоеше, но не беше реализирана. Првичната замисла беше да се формира Мото клуб кој на најдобар начин би ја негувал, преставувал, координирал и мотивирал Мото културата присутна во Велес, но и пошороко.
На 01. 11. 2008 година со само 8 (осум) члена започна егзистирањето на Мото клубот CROSS BEARERS (носачи на крстот). Денес клубот брои 18 (осумнаесет) члена.
Зошто Cross Bearers?
Позадина на секој термин или име е некоја интересна приказна. Истото важи и за нас! Подолго време на мото јавноста и бевме познати како Велешка екипа. Но тоа не ни беше доволно... потребно беше репрезентативно име на клубот! Приказната за нашето име говори дека ако градот Велес се набљудува од птичја перспектива и ако се земат во предвид од една страна манастирите Св. Јован Ветерски и Св.Dimitrija , а од друга страна црквите Св. Пантелејмон и Св. Спас, формираат правилен крст над Градот. Па оттаму, само на англиски јазик преведено добивме CROSS BEARERS или носачи на крстот.
Членовите на Мото клубот освен што се активни на скоро сите мото собири, Рели возења низ Македонија и пошироко, МК Cross Bearers во македонската јавност станаа препознатливи и по учествата во организацијата на неколку значајни хуманитарни акции.
На 01. 11. 2009 година клубот беше дел од хуманитарната акција "Денови на солидарноста на мотоциклистите" генерално организирана од MCC Guardian Angels. Членовите на клубот, а воедно и Велешани покажаа дека се екстремно хумани луѓе и дека Велес е и ќе остане град на крводарителите. Паралелно течеше и акцијата за помош на сиромашните дечиња, при што се собра голема количина на веќе користена облека.
Во моментов при крај се подготовките за престојната Мото забава која се организира под покровителство на град Велес. Забавата ќе се одржи на езерото Младост на 08-ми мај со почеток од 20 часот со богата забавна програма и нејзина единствена цел е преставување на градот и езерото во нивно најубаво светло како и акцентирање на значењето на учеството на моторџиите во секојдневниот сообраќај.
Во соработка со MCC Guardian Angels и српската мото асоцијација BJBikers во подготовка е едукативна презентација за безбедно возење, обука и проширување на знаењето за моторот, како и запознавање на јавноста со мото културата преку нивните матични активности.
Со кликнување на следниот линк може да проследите дел од нашите патувања и активности:
http://picasaweb.google.com/mkcrossbearers
контакт: e-mail:
Motowell е компанија на која седиштето во Унгарија и дозволува да ги продава своите скутери како Европски. За да провериме дали навистина е тоа така или се работи само за маркетиншки трик на Азијска компанија, побаравме и добивме на тест еден Magnet RS.

Lone Knights MC е основан во месец Mај, 2009 година во Македонија. Клубот е формиран и егзистира по принципите карактеристични за традиционалните мотоциклистички клубови (МC). Нашите членови ги претставуваат единствено боите на нашиот клуб. Името на Lone Knights MC се врзува со постоењето на средновековните витези во Европа. Исто како и средновековните витешки редови, Lone Knights MC ги следи начелата на: Чесност, Искреност, Гордост, Храброст и Лојалност.
И веднаш се појавува прашањето: Зошто ОСАМЕНИ Витези? Бидејќи токму овие особини се поретко се среќаваат меѓу луѓето во светот, а нарушените морални и етички вредности стануваат секојдневна и општо прифатена појава. Секој член на Lone Knights MC е горд на боите што ги носи, а секој нов член на клубот се обврзува на доследно почитување на сите принципи и правила кои важат во клубот. Lone Knights MC соработува со сите МC и MK клубови, како во Македонија, така и во околните земји, притоа промовирајќи го клубот и бајкерскиот начин на живот.
И во иднина, Lone Knights MC ќе остане доследен на своите принципи. А за секој кој сака да биде дел од ова нас: "Oпреми се со шлемот кој се нарекува ЧЕСНОСТ, штитот koj се нарекува ИСКРЕНОСТ, оклопот кој се нарекува ГОРДОСТ и ХРАБРОСТ во твоето срце. Твојот меч на ЛОЈАЛНОСТ положи го меѓу нас и стани дел од нашето братство".
L.K.T.L.K.F.
Lone Knights MC Macedonia

И ТАКА ЗАПОЧНА ….
Моторџии кои што се среќаваа на Македонските патишта случајно се запознаа 2007 год. Така заеднички го реализираат и првиот собир во Мариово 2008 и походите на останатите мото собири во РМ и понатаму на патиштата кои водат во непознато. Ради своите редовни присуства на многуте манифестации и забави станаа познати во мото светот и создадоа “планина“ на пријателства и познанства уште како здружение, друштво...
2008 сосем спонтано се формира Мото Клубот ГАРДИАН ЕНЏЕЛС МАКЕДОНИЈА. И така друштвото на мото-фанатици вози под заедничко име MCC GUARDIAN ANGELS MACEDONIA. 2009 година успешно ја организираат и Втората по ред Мото Тура Мариово 2009, крводарителската акција на ниво на Р.Македонија во соорганизација на останатите мото клубови и Црвениот Крст на РМ, како и јавна презентација и демонстрација на давање на прва помош на повреден моторциклист во соработка со Црвен Крст на Р.М. на плоштадот во Скопје. Учествуваат на многуте мото-манифестации и забави таа 2009. Присутни се и 2010 на многуте организирани настани и забави во мото-светот и успешна организација на третата по ред Мото Тура Мариово 2010.
Со тоа започнаа да создаваат нешто што и ним самите не им беше јасно во што ќе се претвори...
Набрзо, сфаќаат дека направиле нешто големо....трудот се исплати! Кон крајот на 2010 год. во согласност со другите MC клубови во Македонија се решаваат да ги превземат правилата и начинот на живот на вистински традиционален мото клуб- MC.
Членовите на MCC GUARDIAN ANGELS MACEDONIA ја прифаќаат есенцијата на таквиот живот и стануваат браќа. Со таа одлука мото клубот става троделни ознаки (бои) и стануваат GUARDIAN ANGELS MC. Значи друштвото на развратни фанатици стануваат браќа поврзани со исти погледи на светот и исти идеали Чесност, Лојалност и Почитување (H,L&R). Темелните вредности на клубот стануваат братството и почитувањето, односно меѓусебното почитување. Поради тоа што членовите на клубот не го доживуваат овој клуб како било каква заедница или како хоби затоа темелните вредности ги поставуваат како начин на живот. GUARDIAN ANGELS МС го доживуваат клубот како голема фамилија и така се однесуваат! Да се биде бајкер за нив не значи да се има мотор и да се вози од кафе бар до кафе бар, кафеана до кафеана, за нив тоа е начин на живот за кој се одлучиле да го живеат засекогаш!
GUARDIAN ANGELS MC не се територијално определени како клуб, но членството доаѓа од повеќе градови на Р.Македонија и со тоа функционира на целата територија на РМ како една единствена конпактна целина, независни од други клубови и асоцијации, со интерес кон својата политика на братството – КЛУБОТ. Почит кон сите клубови кои ни искажуваат почитување, а кон останатите според нивното однесување. GUARDIAN ANGELS MC е отворен за соработка со сите останати МС клубови од земјата и странство. Но одбиваме да реферираме кон било кој “што“ и “кој“ го имаме како член. Не има од разни профили, и професии. Членовите на GUARDIAN ANGELS MC, возат, се забавуваат и си ги гледаат своите работи. Нашата определба како клуб е да допринесуваме во општеството во кое живееме. GUARDIAN ANGELS MC е отворен за сите нови членови кои ќе ги прифатат Правилата од Кодексот на GUARDIAN ANGELS MC било од земјата или странство... Оние кои возеле со нас, се дружеле со нас или не познаваат, знаат дека сме бајкери.
GUARDIAN ANGELS MC е тоа како се прикажуваме и ништо повеќе и ништо помалку....