Колку и да го сакаме звукот на машината која ги движи клиповите нагоре надолу неколку илјади пати во минута, сепак треба да се навикнеме на се потивките мотори од кои излегува еден сосема поинаков звук. 

a77i0861

Веќе не е табу тема да се зборува за мотоцикли кои се задвижени од електро мотор и кој за гориво користат струја складирана во батериите. Напротив, скоро секој сериозна марка мора да понуда алтернатива на бензиските мотори кои се главен двигател во моментов. Секако дека нивната практичност е најголема кога се користат во градски услови, за што сме и самите ние сведоци заради се поголемиот број на тротинети и скутери кои се движат скоро бесшумно крај нас, но дали овие електрични играчки за возрасни (не е тоа што мислите 🙂) имаат употребна вредност и вон градот? Ќе ги погледнеме новитетите кои се појавија на овогодинешниот саем за мотоцикли во Милано Eicma 2022.

Aprilia ELETRICa Project

Ако овој проект на Aprilia ви делува премногу разигран и полетен, во право сте. Наменет е за помладата генерација која едвај чека промена на светската мотоциклистичка сцена. Струја наместо бензин, и тишина наместо бучава. Овој супермото е производ на долги години истражување на матичната куќа Piaggio Group, која се занимава со развој на овој погон уште од 1975 година (?!), што влева една доза на доверба и сосема нова димензија за тоа колку е нова оваа технологија за нив.

Од друга страна пак компактните димензии асоцираат на добра интеграција на батеријата во рамот на моторот, но и веројатно мала батерија со скромен капацитет. Секако ова е визија за идинината, а технологија за развој на батериите галопира од ден на ден и нема да биде чудо ако уште утре се појават батерии кои и покрај компактноста нудат поголем капацитет од денешната технологија. Иако не се познати борјките, сепак она ште е видливо е превртената предна вилушка, задниот моно амортизер и капацитетните дикс сопирачки како потврда за сериозноста на ова возило. Одлична алтрнатива за денешните мотоцикли со бензиски мотор и следно скалило за сите оние кои сакаат нешто повеќе од скутерите кои ги возат во моментов. 

Honda EM1 E

Овој скутер ќе ја доживее својата премиера веќе следната година и тоа во Европа како пазар со кој ќе започне инвазијата на електрични мотори (дури EV 10 модели), кои ќе ги промовира марката Honda до 2025 година. Целта е да се стане бренд кој е карбон неутрален односно со емисија на штетни гасови од 0 g/km. Како целна група на купци се младите и модерни возачи кои сакаат да се независни од јавниот превоз и да се движат непречено низ градските гужви. Можеби главната уникатност, покрај дизајнот, е батеријата која може лесно да се отстрани и да се полни независно од мотоциклот. Тоа онаа компактна дрна кутија која се наоѓа на фотографија крај скутерот. Ова овозможува попрактично користење, односно полнење на батеријата, но и отвара побрза замена на батерија доколку се користат 2 батерии, една која се полни и друга која се користи во скутерот. Можеби ова е идеја која треба да стане задолжителна за сите идни компактни превозни средства. Ќе почекаме на официјална промоција за повеќе детали.

 Kawasaki Z BEV

Сега доаѓаат на ред и посериозните мотоцикли. Kawasaki сериозно се посветува на развој на електричниот погон, па покрај тоа што нивните модели не делуваат толку футуристички, односно изгледаат како да треба да се достапни за продажба веднаш, Јапонците имаат веќе и официјално лого кое ќе асоцира на погонот. 

Овој street bike модел Z BEV (од Battery Electric Vehicle), се очекува да дебитира веќе следната година на европскиот пазар, па можеме да дознаеме и за какви перформанси се работи. Моторот е со моќност11kW/14.8KS и со капацитет на батерија од 3.0 kWh. Скромни бројки за скромна автономија, но всушност се работи за градски мотор кој веројатно ретко ќе се користи над 100км дневно.

Инаку надвор од погонот, мотоциклот се базира на Z400, додека тркалата и сопирачките се преземени од моделот Ninja 300.

Kawasaki Ninja BEV

Заедно со моделот Z BEV, доаѓа и моделот Ninja BEV кој покрај тркалата и сопирачките комплетно се базира на моделот Ninja 400, со користење на погонот на моделот Z BEV. Овој спотски модел скоро по ништо не се разликува од неговиот бензиски брат и од далеку тешко дека ќе ги приметите разликите, освен по нешто попразната содржина под оклопот и недостатокот на издувен систем.

Kawasaki Ninja HEV

За оние кои покрај тоа што сакаат да го возат и да го чујат моторот, тука е визијата на Kawasaki со хибриден погон. Ова е концепт добро познат во автоиндустрија и функционира веќе со децении наназад. Информациите се шкрти, но од фотографиите може да погодуваме дека се работи за мотор паралелен Twin мотор (можеби од Ninja 4000 кој е впарен во комбинација со електромотор од непозаната моќност, а од искуството во автоиндустријата, споената моќност го задвижува задното тркало преку автоматски менувач, веријатно CVT. Комбинацијата на бензиски и електричен мотор во пракса овозможува независност оф потребата за полнење на електрична енергија, затоа што сам си ја произведува со помош на сопирање или со помош на бензинецот кој ја дополнува батеријата, и дополнителна моќ од вртежниот момент на електромоторот кој делува како турбо полнење кај класичните мотори. Иако делува како готов производ ќе почекаме за повеќе информации околу спецификацијата, како и цената и датумот за старт на продажбата. 

Kawasaki Hydrogen Motorcycle

Ова е уште еден храбар проект на Kawasaki со кој се потврдува сериозноста на брендот за понуда на мотоцикли со погон кој ќе одговара на секоја можна позната технологија во моментов. BEV, Hybrid и Hydrogen се технологии со кои балансираат во момнетов сите сериозни играчи во автомото индустријата. Технологијата мора да одговара и на автомобилите и на мотоциклите од порста причина што ја користат истата инфраструктура за напојување. Овде водородот нема да се користи за горивни ќелии кои би произвеле струја за напојување на електромотор, туку се работи за помалку позната технологија на прилагодување на бензискиот мотор кој во случајот согорува водород наместо бензин. Ова е дефинитивно нешто подалеку од сериско производство, но нуди скоро совршен компромис меѓу еколошката свест и емоциите. Нема загадување, а сеуште постои звукот кој не тера да се смееме како “зелени” под кацигата.

MV Agusta Ampelio 

Уште еден градски скутер на електричен погон. Славната италијанска марка која позната по уривање на рекорди на тркачките патеки знае дека мора да прави и пари, а како подобро од промоција на идеја за мотоцикл кој може да се вози буквално низ сите големи градови. Иако позната по спортските модели, MV Agusta продаваше и скутери во 50-тите години, на чија база е и дизајниран овој проект, инаку дело на рускиот дизајнер Maksim Ponomarev. Руското присуство е јасно ако знаеме дека сопственик на марката е Русинот Timur Sardarov кој ја прероди марката. Секако за производство на овој модел техничка помош е побара од надворешен партнер кој има доволно искуство, знаење и ресурси, па за соработник е избран гигантот Kymco кој е веќе неколку чекори напред во развојот на оваа технологија. Ова значи користење на веќе подготвен погон кој за гориво користи струја складирана во 2 преносливи Ionex батерии со моќност од 1.7 kWh кои ќе го потхрануваат електричниот мотор од 4.1 kW/5.59KS односно во пик максимални 7.2kW/9.8KS. Оваа комбинација е доволна за автономија од околу 85km со едно полнење.

Piaggio 1 E-Scooter Range

Овој скутер ќе се испорачува во 3 варијанти според потребите на купците и нивната возраст, а со тоа и нивните права за учество во сообраќајот, па така верзиите Piaggio 1 и 1+ се сметаат за мопеди и се лимитирани на максимална брзина од 45km/h, и автономија од 55km односно 95km за верзијата 1+. За останатите кои можат да си дозволат и побрз скутер е верзијата Piaggio 1 Active е “отворена” на 60km/h и може да извози дури 85km со едно полнење, заради поголемата максимална брзина. Верзиите 1 и 1+ се лимитирани на моќност од 2.3 односно 2.4 kW, додека верзијата Active испорачува 3kW или 4KS, што иако не делува многу сепак е над 12-14% повеќе во однос на мопед верзиите.

И тука сетрујата се складира во преносливи батерии за полесно полнење. 

CFMOTO Papio Nova

Не може да помине сериозен саем за било што без производител од Кина. И ако некогаш се гледаше со резерва на овие производители заради потеклото и детските болести на производите, вообичаено за секој почетник, сега со интерес се следат случувањата кај прoизводителите кои доаѓаат од земјата со најмоќна индустрија во моментов. Секако како серизен играч во категоријата на квадови и ATV-а, и се посериозен фактор во класата на мотоцикли, CFMoto не сака да го запостави ниту овој EV сегмент.

Така се реши да понуди и електрична верзија на локално популарниот модел Papio во мини класата кој треба да понуда иста ако не и подобра агилност од бензиската верзија. За тоа ќе се погрижи литијумската батерија со 69.3V 32A, која ќе го движи електромоторот со моќност од 30KS и вртежен момент од дури 251Nm! До сега зборувавме за скутери со едноцифрени бројки за моќ, а овде зборуваме за мотор кој има вртежен момент еднаков на едно семејно возило со дизелски агрегат! И кај автономијата изненадуваат бројките со околу 150km меѓу две полнења! Стартот на продажба е 2023 година.

ZEEHO The Magnet (CFMOTO)

Не се преиспитувајте дали сте го чуле до сега ова име. Ова е новиот суб бренд на CFMOTO кој е задолжен исклучително за електрични мотоцикли кои треба да понудат интелигентни и современи решенија за мобилноста на новите генерации. Затоа и дизајнот и технологијата која ќе ја нудат ќе одговара на новите предизвици.

За Magnet се знаат само перформансите, кои се реално најважни, затоа што од сите овие бројки кои до сега ги наведовме кои ги вклучуваа сите мерни единици кои сме ги учеле на часовите по физика, најбитен ни е ефектот кој го добиваме од сето тоа. Максимална брзина од 150km/h, со забрзување од 0-50km/h за помалку од 2.5 секунди е се што не интересира. Секако и цената за која ќе треба да почекаме.

Back To Top