Ова е период од годината кога сите компании кои произведуваат мотори или на кој било начин се вклучени во оваа индустрија лансираат новитети. Саемот во Милано е еден од најголемите, ако не и најголем од ваков тип во светот. Ако ги следите некои од дилерите во нашата земја ќе видите дека добар дел од нив се таму и во живо ги прават плановите за следна година. Нашиот план за оваа година е да ви ги претставиме новитетите од удобноста на нашите домашни столчиња. 

Содржината во врска со EICMA одлучивме да ја поделиме на 3 дела. Првиот дел, овој кој сега го читате ќе се обиде (а веруваме дека и ќе се дополнува подоцна) да ги претстави сите новитети кои се однесуваат на стандардните мотори со „вистински” моторо со внатрешно согорување. Секако ќе се фокусираме на поголемите новитети кои претставуаат важен исчекор на пазарот. Одиме!

Honda

transapl 2

Секако најголемото исчекување беше најавата на новиот Transalp на Honda, но покрај тоа што од претходно се знаеше од различните непотврдеи извори дека моделот доаѓа, дури и поголем дел од деталите беа познати сепак оваа најава привлече голем интерес деновиве. Детали за новиот двоцилиндарец со зафатнина од 750 кубни сантиметри и можност од над 90 коњнски сили има во посебниот текст објавен на нашиот сајт - Враќање во иднината со Новата Honda XL750 Translap

Но, ова не е се што подготви јапонскиот производител како новитет за оваа EICMA. Тие деновиве претставија и туринг варијанта на CMX1100T Rebel како и ретро изданија на помалиот бунтовен брат - CL500. Туринг модел на поголемиот брат се базира на истата, веќе позната шасија и на двоцилиндарецот кој го придвижува легендарниот Africa Twin.  Она по што се обидува да биде различен се новините кои имаат за цел да го направат возењето на подолги релации вистинско уживање. Предниот дел е комплетно преработен за да обезбеди посоодветна заштита а додадени се и странични куфери кои со својот капацитет од 35 литри придонесуваат за целосниот туринг изглед. 

Suzuki

2023 suzuki v strom 800de yellow side right

Веројатно најдобро чувана тајна пред саемто беше онаа на Suzuki. Овие јапонци претставија целосно нов агрегат со зафатнина од скоро 800 cc и нова шасија која заедно со агрегатот во 2023 ќе го види светлото на денот преку два нови модели во понудата на производителот. Притисокот на пазарот, и трендовите, а богами и здравата бизнис логика си го прават своето. Па така, сега заштитниот знак на V-Strom, моделот кој од 2002 година се продаде во повеќе од 440.000 примероци ширум светот, сега ќе мора да се помири со фактот дека нема да биде придвижуван од V двоцилндарец туку од паралелен двоцилиндарец и тоа со добро познатио агол од 270°. Да, звучи како Tenere 700, Aprilia Tuareg или KTM 890, ама тоа е жестокиот дел од пазарот, мора да се има силен адут. 

V-Strom 800DE и V-Strom 800DE Adventure како што наведовме ќе го носат новиот DOHC, 779cc агрегат со водено ладење. И овој модел ќе го има карактеристичниот балансер кој ќе треба да ги минимизира вибрациите на поголеми брзини со што ќе го направи овој модел одличен и постабилен на поголеми брзини. Некои медиуми наведуваат 84.3 КС на 8.500 вртежи и 78Nm сила на 6.800rpm. 

Комплетно прилагодливата Showa суспензија и 21 инчното тркало напред јасно ги истакнуваат можностите за совладување препреки на моделот. Паметниот систем за управување со електрониката на Suzuki дозволува контрола на тракцијата со која може да го прилагодите возењето на различните подлоги а како дополнување на тоа модлеите нудат и двостепена контрола на ABS системот со што се дозволува пролизгување на задното тркало. Колор TFT дисплеј, 3 модови за возење, двонасочен квикшифтер се само дел од карактериситките кои гарантираат конкурентност на моделот.

2023 suzuki gsx 8s turn left 

Но, Suzuki не застана тука, рековме дека новиот агрегат ќе се појави во два модела. Вториот не помалку важен е всушност GSX-8S. Не, овој модел нема да го замени легендарниот SV650, тој и понатаму ќе остане во понудата. Она што ќе се обиде GSX-8S да го направи е да го пополниделот меѓу помалите и поголеми модели и да биде доволно забавен и за почетници возачи но и за оние на кои им треба чекор нагоре од SV650. Детали за конкретната изведба на агрегатот дали и како тој се разлилкува од неговата изведба во V-Strom нема. Она што може да го посведочиме е дека Suzuki го надградува модерниот изглед кој може во некоја рака да им се припише на Yamaha. 

CFMOTO

Веќе не е неочекувано на шоуто во Милано сериозен настап да се очекува и од некои од кинеските производители. CFMOTO како најсериозен од нив и оваа година претстави новитети и концепти кои беа пречекани со задоволство од сите. Концептот кој оваа година доби примарна позиција е наречен NK-C22. Уште еднаш гледаме модел кој се базира на 800cc агрегат кој за овој производител претставуваше сериозен успех. Новото тело кое во концептниот модел е целосно изработено од карбонски влакна е дизајнирано да предизвика сериозна визуелна тензија. Двојниот издув, единечниот свингарм и карактеристичните фелни само ја дополнуваат маркатната појава на концептот.

20221109005257

А ако нешто знаеме за CFMOTO е тоа дека концептите кои ги прикажуваат не изгледаат многу различни од моделите кои ги дочекуваме година две подоцна. Но, концептот не е единственото нешто кои го претставија CFMOTO во Милано, тие премиерно најавија и прв електричен мотор, ама за тоа во следниот дел од освртот на EICMA, а тука е и спортската верзија на 800 MT. 

20221109154034

Понесени од тимските бои во Moto3 класата тие одлучиле да го дотераат мултинаменскиот теренец во еден поспортски и динамичен пакет. Резултатот на тоа е 800MT Sport R

Yamaha

Неколку дополнувања во линијата на овој јапонски производител беа претставени изминативе денови. И повторно почнуваме со средната adventure tourung класа. Дополнување доби Yamaha Tracer 9 GT+ односно доби упте една изведба со + на крајот која сега има и прилагодлив радар за одржување на растојание. Системот дозволува да одберете еден од 4 различни раздалечености кои се прикажани на непроменетиот TFT дводелен екран. Дополнително моделот има унапредување и на сиспензијата која сега е полуактивна на KYB. Листата не дополниувања е долга, ние ќе застанеме тука. 

Застанавме во претходниот дел затоа што имаме уште една новина од Yamaha која вреди да се спомне, XSR700 Legacy. Нема баш многу детали достапни, ама веруваме дека ќе има наскоро, сега за сега може да видиме само нови бои. 

2023 yamaha niken gt mountains

Уште една позитивна вест дојде од редовите на Yamaha за време на саемот. Niken GT трициклот на база на CP3 агрегатот не оди во заборав. И покрај тоа тоа што овој чуден модел не доби толку многу внимание од своето деби минатата година, сега ни доаѓа најава за негов освежување и збогатување во поглед на опрема. Новина е неговата компатибилсност со Euro5 стандардите, промена на електрониката на самиот мотор за да работи посоодветно на пониски вртежи, нов TFT екран, USB, Bluetooth, wi-fi...  

Back To Top