Reale Avintia Ducati во голем стил го претставија новиот мотоцикл и нивниот нов спонзор, Reale, откако со хеликоптер го спуштија на снежната патека во Андора. Веднаш откако го симнаа мотоциклот, Лорис Баз и Емилио Замора, кој е замена за повредениот Хектор Барбера, го испробаа мотоциклот со пневматици за на снег. Баз вели дека е задоволен од чекорите кои ги презема тимот.
Маверик Вињалес не беше единствениот возач на Yamaha кој имаше импресивен настап на минатонеделниот тест на Филип Ајленд. Дебитантот Јонас Фолгер имаше сензационален настап и на крајот заврши на четвртото место. Само малку му фалеше да влезе во елитниот клуб на возачи кои имаа време помалку од 1:28 по извозен круг.