Радикалните нови додатоци на Ducati кои беа претставени за време на тест викендот во Катар ни дадoa одговор на една мистерија која долго време ги мачеше новинарите – содржината на кутијата и променетиот издув под седиштето на најновиот Desmosedici.
Џонатан Реа продолжува со одличниот настап во новата сезона. Реа стана првиот возач по Нил Хоџсон во 2003 година кој ја започнува сезоната со четири победи по ред. Во изминативе три години Реа имаше одлични настапи на патеката во Тајланд, а и оваа сезона не беше ништо поразлична.
Валентино Роси постигна значителен напредок на вториот ден од тестовите но во неделата неговата среќа се промени и денот го заврши на единаесетото место. И покрај тоа што се мачеше за време на тестот, деветкратниот шампион сепак гледа потенцијал пред се поради настапот на неговиот тимски колега.
Марк Маркез на последниот ден од претсезонските тестови падна три пати. Шпанецот призна дека направил неколку грешки за време на сесијата но сепак вели дека има самодоверба. Маркез го испроба и новиот надворешен додаток на мотоциклот на Honda.
Хорхе Лоренцо имаше добар настап на последниот ден од последниот претсезонски тест. Тој заврши на четвртото место и беше блиску до Дани Педроса (Repsol Honda) и Андреа Довициозо. Петкратниот шампион извозе 53 круга и постигна најдобро време од 1:54:519.