По жалбата која ја достави за анти-допинг одлуката на ФИМ, денеска Андреа Ианоне доби негативен одговор и зголемување на казната на 4 години.

Ианоне беше суспендиран од сите трки на крајот на минатата година, забраната требаше да трае до јуни 2021 но Априлија и Ианоне се жалеа на ваквата одлука бидејќи според нив забранетата супстанца тој ја внел преку исхрана, не намерно. По сослушувањето во март оваа година за новата одлука се чекаше до денеска, ФИМ во соработка со Светската Анти-Допинг Агенција сепак одлучи дека новите докази покажуваат дека Ианоне не бил во право и одлучија казната да му ја зголемат на максимални 4 години, од денот кога е донесена одлуката (17 декември 2019).

 DSC5256 copy

Одлуката се однесува и на сите резултати кои тој ги има забележано од првичната одлука до стапувањето на сила на забраната, неговите резултати ќе бидат избришани. Во одлуката на агенцијата стои дека Ианоне не успеал да докаже дека ја внел субстанцата Дростанолон преку месо кое го јадел во Малезија, па според тоа оправдано било да се додели повисока казна. 

Ова веројатно е крај за кариерата на 31 годишниот италијанец, а Априлија ќе треба да најде замена за него за следната сезона, возач кој ќе му прави друштво во тимот на Алеш Еспергаро.

За сега е познато дека Кал Крачлоу е во преговори со Априлија, но од тимот посочија дека и Бредли Смит е опција за нив. 

Back To Top