(Време на читање: 1 минута)


Со особена чест Ве информираме дека motori.com.mk потпиша Меморандум за соработка со Мото Асоцијацијата на Македонија на МК мото клубови.

motori com mk i mam

Целта на оваа соработка е јасна и стратешка:

✔️ Поттикнување и унапредување на мото културата

✔️ Подигнување на јавната свест за безбедност во сообраќајот

✔️ Навремено информирање за мото настани, тури, собири и хуманитарни активности

✔️ Промоција на позитивните вредности на мото заедницата

✔️ Поддршка на младите и новите мото возачи

Во рамки на ова партнерство, на Motori.com.mk ќе биде отворена и заедничка рубрика за колумни, каде ќе се објавуваат текстови од претставници на клубовите од Мото Асоцијацијата и искусни мото возачи.

Преку оваа рубрика ќе споделуваме:

🔹 Совети за безбедно и одговорно возење

🔹 Искуства од тури и мото настани

🔹 Информации за законска регулатива и обврски

🔹 Насоки за избор на заштитна опрема

🔹 Анализи и корисни содржини поврзани со мото светот

Нашата визија е организирана, безбедна и почитувана мото заедница, која ќе биде пример за култура во сообраќајот и партнер на институциите. Оваа соработка претставува чекор напред кон поголема видливост, професионализација и институционална поддршка на мото сцената во Македонија.

🏍️ Мото културата ја градиме заедно и одговорно 🤝

Пријавете се за да ги добивате најважните содржини двапати неделно директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: