Историја на LS2 кацигите.
1990 – Артур Лиао инвестираше 350 евра и го започна бизнисот со кациги. Во тој момент, Лиао можеше да вработи само едно лице, Пенг Женг. Дваесет години подоцна, Пенг се уште работи во компанијата. Двајцата заедно почнаа да ги произведуваат првите кациги.
1992 – Почна да расте побарувачката. За да ги задоволи потребите на потрошувачите, Артур мораше да го прошири бизнисот. Изнајми поголем објект и вработи 100 луѓе. Во меѓувреме, неговиот брат, Стефан Лиао, се приклучи на менаџментот и се обиде дополнително да го развие бизнисот.
1994 – Кацигите почнаа да се продаваат низ целата држава а нивното лого стана препознатливо насекаде. Истата година се префрлија во нов објект кој овој пат имаше површина од 1672 метри квадратни.
1997 – Како прв кој го почна бизнисот со кациги во Кина, Артур одлучи да се фокусира на глобалниот пазар. Но за да бидете сфатен како сериозен играч, на глобалиот пазар треба да вложите сериозни средства за да се модернизира фабриката, да се купат нови машини и технологија. Инвестицијата се исплатеше и за кратко време почнаа да пристигнуваат признанија од сите страни.
1999 – Како што продолжуваше да се развива бизнисот, на Артур му стана јасно дека не може само да ја проширува фабриката. Побара од другиот негов брат, Пол Лиао да му се приклучи и да го употреби искуството кое го имаше стекнато дотогаш. Пол се приклучи на MHR на 28-ми јуни и компанијата во тој момент стана вистински фамилијарен бизнис. Исто така, беа поставени и темелите на успехот кој ќе следува.
2000 – MHR го доби ISO9000 сертификатот. Компанијата сега ги контролираше сите концепти и технологии за производство на кациги. Од суровини па се до конечен производ, сето тоа сега беше под еден покрив.
2005 – Како што се развиваше бизнисот, Артур и Пол направија милионска инвестиција и ја основаа JIANGMEN PENGCHENG HELMETS, LTD. Компанијата сега имаше сопствен објект со површина од 30 658 метри квадратни, повеќе од илјада вработени лица и производство од над 2 милиони кациги годишно.
2007 – Ни стана јасно дека во еден момент компанијата ќе исчезне доколку продолжиме да произведуваме само OEM и ODM производи. Затоа одлучивме да произведеме нешто ново и да го пласираме на пазарот. Но како и од каде да почнеме? Користејќи кратенка од нашите имиња, наскоро беше создаден LS2. Во меѓувреме, беа отворени главните канцеларии на LS2 во Барселона, Шпанија. Кацигите за прв пат беа изложени и на EICMA мото шоуто во Милано, Италија. Од тој момент, LS2 кацигите беа подготвени да го направат првиот чекор на глобалниот пазар.
2010 – Продолжи развојот на кацигата а компанијата се прошири и во Чикаго. Тука беше формиран нов тим кој ќе им ги престави LS2 кацигите на потрошувачите од САД и Канада.
LS2 секогаш гледа напред. Ова е единствениот начин да постигнете нешто и да влезете во историјата.
Инвестирањето во R&D е како да притискате на гаста. Ви овозможува да направите две работи: да бидете побрзи од останатите и повеќе луѓе да ве забележат. Нас не води страста. Техничарите, инжинерите и дизајнерите даваат се од себе за да ги креираат најдобрите кациги. Нашата цел се нашите клиенти. Ние сме дел од глобалниот пазар и сме секаде присутни. Без разлика каде има заинтересирани за нашите производи, ние можеме да стигнеме до нив. Увозник за LS2 кацигите за Македонија е Скај Мото ( https://www.facebook.com/skajmoto). Сето ова е едно постојано патување: работа-квалитет-успех. Ова е нашата формула и нашиот начин на размислување.
Развој
Секоја LS2 кацига се состои од три главни елементи: надворешна школка, апсорпција на удар и бројни други додатоци како што се визирот и вентилацијата. Трите главни методи на производство се следниве:
-Поликарбонат инјектиран во мешавина од ABS. При тоа се користи ексклузивниот процес развиен од нашиот тим и наречен HPTT (High Pressure Thermoplastic Technology Resin). Овој индустриски процес со голема прецизност користи калапи изработени од блокови од метал со тежина од стотина килограми.
- Додатоци , комбинирани со полимерна смола обезбедуваат голема отпорност на абразија и надворешни влијаниа.
-Неколку слоја на јаглеродни влакна кои исто така се мешаат со смолата. Оваа постапка вклучува процес кога калапите мора да издржат температура поголема од 120 степени.
Јаглеродни влакна
Јаглеродните влакна се материјал кој многу се користи во воздухопловната индустрија и секако во Formula 1 и Moto GP. Имаат неверојатна цврстина и се многу лесни. Четирите години инвестиција и вложување резултираа со креирање на првата кацига која е целосно изработена од јаглеродни влакна и која има двоен визир.
Креирање
Откако кацигата ќе се извади од калапот се проверува дали ги исполнува стадардите.После неколку слоја боја се додава графиката. На крајот се додава специјална UV заштита.
Прецизност
Кацигата потоа ја презема техничар кој следи строги протоколи при местењето на штитникот за брада и визирот. Секоја кацига потоа има уште еден финален преглед.
Контрола на квалитетот
Секоја кацига детално се проверува со цел да се обезбеди врвен квалитет и безбедност. Исто така, потврдуваме дека секој модел го исполнува стандардот што го бара државата. Голем број на тестови се прават врз EPS и врз школката за да се провери апсорпцијата при удар.