Kawasaki ја проширува гамата на KLE500 за 2027 година со новата Smartride технологија
Една година по првичното претставување, Kawasaki го освежува својот модел KLE500 за 2027 година, воведувајќи...
Една од поинтересните приказни кои ги следиме во пресрет на новата сезона од Светскиот Супербајк шампионат е пристигнувањето на BMW Motorrad во гаражите. За сезоната 2019, BMW склучи договор со Shaun Muir Racing а за тимот ќе настапат Том Сајкс и Маркус Рајтенбергер.
Како што се засилуваат подготовките во пресрет на новата сезона, екипата на Pata Yamaha започна соработка со Motul кој ќе стане нивен официјален снабдувач со лубриканти. Разговаравме со првиот човек на тимот, Пол Денинг, кој ни откри како се одвиваат подготовките на тимот и како дојде до соработката со Motul.
Откако првично беше откажана, трката во Лагуна Сека се враќа на календарот за сезоната 2019. Првите луѓе на патеката не можеа да ја договорат датата за оддржување на трката со претставниците на Dorna, кој сакаа настанот да се оддржи во Август, односно истиот викенд кога на патеката ќе се оддржи трка со автомобили. Сега е договорено оваа трка да се оддржи викендот од 12-ти до 14 Јули.