Kawasaki ја проширува гамата на KLE500 за 2027 година со новата Smartride технологија
Една година по првичното претставување, Kawasaki го освежува својот модел KLE500 за 2027 година, воведувајќи...
Одржувањето на Големата награда на Катар во MotoGP, закажана за април, е доведено во прашање поради сериозната безбедносна ситуација на Блискиот Исток. Откако Светскиот шампионат за издржливост (WEC) веќе го одложи своето тркачкиот викенд на патеката Лосаил, и извршниот директор на MotoGP, Кармело Ецпелета, призна дека ситуацијата е комплицирана.
Додека повеќето електрични мотоцикли сè уште зависат од полначи, кабли и инфраструктура, дизајнерското студио MASK Architects претстави концепт што оди чекор подалеку. Нивниот проект SOLARIS се претставува како првиот целосно соларен мотоцикл во светот – машина која сама ја произведува својата енергија и не зависи од електрична мрежа или било какво гориво.
Компанијата Autoliv, еден од најголемите светски производители на системи за безбедност во возилата, работи на нов тип на воздушно перниче (airbag) наменето за мотоцикли, кое значително ги надминува досегашните решенија. Новата патентна пријава открива дизајн со горна и долна воздушна комора, со цел подобра заштита на возачот при фронтални, коси и странични судири.
Alpinestars ја претстави својата најнова спортска кацига S‑R7, модел кој ја носи ДНК‑та на премиум серијата S‑R10, но во поразумна и попристапна форма за секојдневните возачи. Оваа кацига е создадена да понуди врвна заштита, стабилност на високи брзини и тивко возење – нешто што ретко се добива во спортски ориентиран модел.
Кога во 2019 година беше формиран мото-клубот Soul Riders – Штип, идејата беше едноставна – да се создаде заедница на луѓе кои ја делат истата страст кон моторите, патувањата и слободата на отворениот пат. Она што започна како ентузијазам на неколкумина, денес прерасна во стабилен и препознатлив клуб со 11 активни членови, кои од година во година бележат раст, напредок и сè поголема афирмација.
Со почетокот на новата мото-сезона, системот „Безбеден град“ (познат во јавноста како „Сејф Сити“) станува една од најактуелните теми меѓу моторџиите. Поради бројните дилеми што се појавија во јавноста, побаравме официјални појаснувања од МВР за тоа како системот ќе функционира кога станува збор за моторите и скутерите.
Според официјалните податоци објавени од MotoGP.com, новата сезона ни носи прилично интересен распоред кога станува збор за физичките параметри на возачите. На двата краја од скалата се новајлијата Диого Мореира, новиот возач на LCR Honda, и светскиот шампион од WSBK кој премина во MotoGP, Топрак Разгатлиоглу.
Постои нешто посебно во звукот на моторот кога го палиш пред возење. Тоа не е само механички шум, тоа е повик кон патот, кон хоризонтот и кон чувството на слобода што ретко кое друго превозно средство може да го понуди. За многумина во Македонија, моторот не е само хоби, туку начин на живот, начин да се почувствува просторот, времето и сопствената присутност на патот.
Со стартот на новата сезона, темата за безбедноста на мотоциклистите повторно излегува во прв план. Овојпат ги споредуваме официјалните бројки за мотоцикли во последните 5 години (2021–2025), за да видиме каде сме и во која насока се движиме.
Патувањето со мотор околу светот за многумина е животен сон. И најчесто – да, ваквите авантури поминуваат без проблеми, со незаборавни средби, нови култури и приказни што се раскажуваат цел живот. Но, како што покажува најновиот случај од Иран, понекогаш работите можат да тргнат во сосема неочекувана и драматична насока.
Во процесот на освојување три титули во Светскиот Супербајк шампионат, Топрак Разгатлиоглу стана препознаен како уникатен, дури „генерациски“ талент. Возач способен да ги однесе моторите кои не би требало да бидат на врвот на подиумот до светска титула.
Изборот на соодветни гуми е една од најважните одлуки што секој моторџија ја носи. Гумите се единствениот дел од моторот кој има директен контакт со асфалтот/подлогата. Само неколку квадратни сантиметри го одредуваат грипот, стабилноста, сопирањето и целосната безбедност. Поради тоа, изборот на „вистинската“ гума не е само прашање на цена или бренд, туку комбинација од повеќе фактори кои треба да ги разбереш пред купување.
Поранешниот MotoGP-шампион Кејси Стонер гледа два клучни фактори кои го издвојуваат Марк Маркез од конкуренцијата. Притоа, според него, помалку се работи за чиста брзина, а многу повеќе за тркачка стратегија и интелигентно управување со гумите.
Со RIDE 6, Bridgestone ја продолжува партнерската соработка со Milestone и ги интегрира реалните перформанси на гумите во виртуелниот свет. Новото поглавје од серијата мотоциклистички видеоигри е веќе достапно и значително ја проширува присутноста на брендот во играта.
Доколку сте Столе, или некој како него, не мора да го читате овој текст. За сите останати кои сепак во зима одмарате од возење мотор, еве неколку основни совети за подготовка за новата сезона.
Наместо планираниот термин на почетокот на декември, мотоциклистичкиот саем сега треба да се одржи во средината на февруари, во 2027 година и ќе трае 3 наместо 4 дена. Истовремено, одложувањето претставува војна објава од Koelnmesse – насочена кон саемот во Дортмунд.