Иако сите со нетрпение ги чекаме трките кои се одложени поради вонредната состојба со корона вирусот, нашиот натпреварувач Христијан Бузалковски (Seventy One Team) не застанува со подготовките.
Шпекулациите дека наместо предвидениот термин од 31-ви мај до 10-ти јуни трката ќе биде преместена за крајот на август се покажаа како неточни, Isle of Man TT 2020 е откажана.
Заради Корона вирусот МотоГП класата никако да започне, по првичното откажување на трката во Катар следуваше и одложување на Тајланд, потоа и Америка, а денеска беше одложена и трката во Аргентина.