Нашиот најдобар кросист, Христијан Илиоски - Кико, од трката од Источно-Европскиот шампионат во мотокрос која викендов се возеше во Крешево, Босна и Херцеговина, се враќа со пехар за освоено трето место.
Продолжуваат возбудувањата во мотоциклизмот, викендов се возат две трки на меѓународна сцена на кои Македонија ќе има свои претставници, а секако тука е и МотоГП трката која се вози во Каталуња.
Третата рунда од Источно-Европскиот шампионат во мотокрос која викендов се возеше на патеката Бузау во Романија заврши неславно откако беа откажани сите преостанати трки по падот на Бугаринот Тотев во класата МХ1.
Викендов во Плевен, Бугарија, се вози првата трка од Источно-Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам на која ќе настапат тројца претставници од Македонија.