На отворањето на сезоната во Мексико Сити, австралискиот возач Клинтон Мур ги изненади сите освојувајќи ја својата прва победа во светското првенство на Red Bull X-Fighters. Ливај Шервуд од Нов Зеланд заврши втор, додека Французинот Томас Паже го комплетираше подиумот пред 38-илјадната публика.