Валентино Роси прикажа фантастична трка на патеката Асен, тој стартуваше од пол позиција и имаше водство се до самиот крај кога Марк Маркез безуспешно се обиде да му ја одземе победата.
Викендов на патеката Глобаре во Србија ќе се вози четвртата рунда од Источно Европскиот шампионат во Мотокрос на која ќе настапат четворица наши натпреварувачи.
Христијан Илиоски дојде до нова победа на трките од отворениот Грчки шампионат во мотокрос, откако викендов забележа една втора позиција и една победа.
Австралиецот Клинтон Мур стигна до втората победа во низа за 2015 година во светското првенство на Red Bull X-Fighters со епска победа против Французинот Томас Паже изборена пред 10-илјадната публика во Атина.