Блажевски кој настапи со Yamaha XT 660 R на крајот од 150 километри долгата патека успеа да го освои третото место во генералниот пласман од својата класа С.
Четвртата рунда од Балканскиот шампионат во брзински мотоциклизам која викендов се возеше на патеката Долна Митрополија во Плевен (Бугарија) го донесе првиот пехар на нашите натпреварувачи.
Иан Хачинсон беше возачот кој требаше да се победи кај суперспорт мотоциклите. Мајкл Данлоп се обиде да остане близу до Хачинсон, но не успеа да оддржи чекор со него и предноста постепено се зголемуваше.