Како што се очекуваше, Sky VR46 и официјално го раскина договорот со Романо Фенати. Италијанецот беше суспендиран од тимот по инцидентот на патеката Red Bull Ring во Австрија. Тоа беше само привремена мерка, а сега соработката и официјално е прекината.
Како што веќе најавивме во МотоГП се подготвуваат измени во начинот на кој тимовите ќе комуницираат со возачите за време на трките. Во продолжение да погледнеме што мислат возачите за новиот предлог.