Италија доминираше на јубилејниот 100-ти FIM 6DAYS® во Португалија
Италија ја потврди својата доминација на јубилејното 100-то издание на FIM 6DAYS® Enduro of...
После 17 тркачки викенди и илјадници кругови, на крајот останаа двајца возачи кои ќе се борат за титулата: Актуелниот шамион, Марк Маркез кој во моментов има предност од 21 бод и Андреа Довициозо, единствениот возач кој стои помеѓу Маркез и неговата шеста светска титула.
Возачот на Marc VDS, Франко Морбидели, беше прогласен за шампион за 2017 година во Moto2 шампионатот уште пред да почне трката во Малезија откако единствениот негов ривал, Томас Лути, не доби дозвола да стартува поради повредата со која се здоби за време на квалификациите.
Со враќањето на Michelin во шампионатот, се промени и улогата која ја имаат пневматиците. Тие сега имаат клучна улога при формирањето на стратегијата во пресрет на тркачкиот викенд. Андреа Довициозо неодамна изјави дека тие се најзаслужни за успехот оваа сезона.
Алеш Еспаргаро го заврши првиот ден од тестовите во Австралија на изненадувачкото прво место откако на најдобар начин ги искористи временските услови на Филип Ајленд. На крајот Еспаргаро заврши со предност од 0.005 пред лидерот во шампионатот, Марк Маркез.