Kawasaki ја проширува гамата на KLE500 за 2027 година со новата Smartride технологија
Една година по првичното претставување, Kawasaki го освежува својот модел KLE500 за 2027 година, воведувајќи...
На само две недели пред почетокот на саемот EICMA во Милано, MV Agusta објави скицирана слика од новиот модел „Rivale“. Целта на компанијата е да се подигне интересот за третиот модел во гамата на мотори со три цилиндри и дефинитивно успеваат во својата намера..
На саемот „EICMA“ во Милано Хонда ќе ја претстави новата гама на мотоцикли со зафатнина од 500цц, се работи за новите модели Honda CBR500, Honda CB500R и Honda CB500X кои нашите пријатели од италијанскиот сајт „Il Centro“ успеаа да ги фотографираат за време на снимањето на новата реклама на Хонда во Италија.
Хонда го претстави новиот спортски скутер NSC50R наменет за новајлиите во светот на двете тркала. Убавиот и брз скутер со право ги носи боите на Репсол, а на Македонскиот пазар ќе се појави следната година иако сеуште немаме официјални податоци за цената.