Измина една година откако Жарко Ристов почина по незгодата која ја доживеа со својот мотоцикл, членовите на клубот, пријателите и неговото семејство одржаа помен за својот непрежален сопруг, татко, пријател, моторџија.
Роденденската прослава по повод 8 години постоење на Мотори.ком.мк ќе се одржи на 12-ти септември (сабота), со почеток од 20 часот во клаб хаусот на POTFAT MC на Средно Водно.
Денеска во Парламентот на РМ Националниот совет за евроинтеграции, заедно со Комисијата за одбрана и безбедност организираа Јавна расправа по Предлог-законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Во незгодата со тешки телесни повредни се здобиле Б.С. кој бил пренесен во Клиничкиот Центар во Скопје и неговиот сопатник Тони Т. (20) од Охрид кој бил пренесен во охридската болница Св.Еразмо, каде околу 20:20 часот им подлегнал на повредите.
Бензинот поевтинува за 3 денари, според одлуката на Регулаторната комисија, од ноќеска ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по цена од 64 денари, а ЕУРОСУПЕР БС-98 по 66 денари за литар.