In&motion ја претстави првата верзија на елекот кој има воздушни перничиња. Тој ќе им биде доделен на 500 возачи во текот на кампањата „AirbagRevolution“.

In&motion ја претстави првата верзија на елекот кој има воздушни перничиња. Тој ќе им биде доделен на 500 возачи во текот на кампањата „AirbagRevolution“.

Минатиот месец, за време на INTERMOT шоуто, In&motion ја започна кампањата „AirbagRevolution“. Нивната цел е самите корисници да учествуваат во изработката на елекот а во текот на кампањата, 500 возачи ќе добијат по еден примерок од елекот. За време на нашата посета на „EICMA“ имавме прилика од близу да се запознаеме со него.

inmotion e lairbag per moto da testare 19887

Елек со воздушни перничиња кој има за цел да ве заштити од повреди

Овој елек ќе можете да го носите под било која јакна. Неговиот систем е комплетно автономен а на задниот дел има и штитник за грбот.

Извршниот директор Реми Томас вели: „Благодарение на искуството кое го стекнавме во текот на изминативе години, веќе развивме една верзија од елекот.Во меѓувреме, работевме со неколку експерти со цел да го направиме уште подобар. Сепак, во нашиот проект сакаме да интегрираме нови идеи, коментари или сугестии од возачите. Нашата цел е да создадеме производ кој ќе биде направен со нивна помош и кој ќе им биде од корист во инднина. А како ќе го направиме тоа? Преку тоа што ќе доделиме 500 елеци на возачи кои сакаат да бидат дел од оваа авантура.“

Возачите своите елеци ќе ги добијат на пролет следната година и за шест месеци ќе треба на In&motion да му дадат повратни информации кои ќе се искористат во развојниот процес на финалниот производ.

Секако, нема да се бара од нив намерно да паѓаат за да го тестираат елекот, туку само да го носат и да го дадат своето мислење.

Пријавување: Заинтересираните возачи ќе можат да се пријават најдоцна до 16ти јануари. Пријавувањето ќе се одвива преку нивната интернет страна www.airbagrevolution.com. Можат да се пријават возачи од сите земји и со секакви мотоцикли.

Возачите кои ќе бидат одбрани ќе го добијат елекот во пролет 2017 година, а после 180 дена користење ќе треба да дадат повратни информации.

Back To Top