Веќе одамна констатиравме дека оваа класа е најпопуларна во моментов и испрати еден куп спортски мотори во пензија. Дали е токму ова причината за враќање на популарниот модел?

honda transapl 1

Само година две по прикажувањето на филмот во кој Док и Мекфлај се враќаа во минатото и заминуваа во иднината (1985), се појави првиот Translap, моторот кој можеше да ве однесе онаму каде што не сте можеле да возите претходно освен ако не сте возеле класичен крос мотор. Ова е само референца за тоа колку одамна Honda имаше модел во оваа класа на сестрани мотори. Сега, по една деценија пауза, се враќа со комплетно нов мотоцикл во најпопуларната Adventure класа. Со паралелен двоцилиндричен 8 вентилски Unicam мотор од 755 кубни санитиметри, позајмен од братскиот CB750 Hornet, атакува на средната Adventure класа во која сега царуваат Yamaha Ténéré 700 и BMW F 850 GS. За да им парира соодветно на конкурените, моторот испорачува 90.5KS на 9.500 вртежи во минута, и солидни 75Nm, што го поставува над пониските 73KS и 68Nm на јапонскиот конкурент, но под германскиот конкурент кој на хартија има за нијанса помалку коњи - 90, кои ги испорачува на ниските покорисни 8.000 вртежи, и 86Nm…Ова е пријатно друштво затоа што се најпосакуваните модели во класата, и секој украден клиент е вистински успех за Honda.

transalp 3

А со што друго може да се пофали Новата Honda XL750 Traslap? Благодарение на електронската конекција ride-by-wire, можни се неколку сетирања на мапирањето на софтверот, кои овозможуваат избор на 4 пресетирани мода и тоа Sport, Standard, Rain и Gravel што му нудат на возачот 4 различни нивоа на одзив на гаста, 3 нивоа на моторно сопирање, 2 нивоа на работа на ABS системот и дури 5 различни сетинзи за реакцијата на системот за контрола на пролизгување на погонското тркало.

Но ако сте “манџија” и и ова ви е малку, слободно можете да се заиграте и самите да си ги прилагодите сите овие параметри по ваш вкус во User модот.

Иако според изгледот Новиот Tarnslap игра на ретро картата, што веројатно ќе побуди емоции кај повозрасните возачи, техонолгијата е потполно современа и ќе ги привлече и помладите возачите. Па така, сите информации за сетинзите ќе бидат прикажани на 5 инчен TFT екран во боја, кој може да се персонализира според приказот на брзината и вртежите, во аналоген или дигитален стил. Не знаеме кој од двата е ретро, затоа што јапонците во тоа време на 80-тите години, беа пионери во дигиталните инструменти. Тука е и веќе задолжителното поврзување со паметните телефони за користење на навигацијата или читањето на пораки и повици, или слушање на музика.

transalp 4

Резервоарот со капацитет од 17 литри е убаво слеан во целиот дизајн, па со декларираната потрошувачка од 4,35 l/100km би требало да е доволно за над 300km меѓу две застанувања на бензиска станица во релани услови. Сето ова е спакувано во ултра лесна челична шасија, која со својата дијамантска конструкција која го доби името по триаголните споеви од која е составена, гарантира неверојатна цврстина и агилност заради тежината од само 18.3kg односно вкупна тежина од 208kg! Ова е благодет при управување на тешко достапни предели, особено за почетниците кои се лепат како на магент на оваа класа на моторцикли.

Нерамниот терен бара и соодветна суспензија, па не не изненадува присуството на врвниот специјалист Showa и тоа на двата краја од Translap, и тоа напред со 200mm од на амортизерите на предната вилушка, додека назад одот на моно амортизерот изнесува 190mm кој работи на Pro-Link задна вилушка. Ова во комбинација со клиренсот од 210mm би требало да е доволно за сериозни излети надвор од асфалтните површини.

transapl 2

За безбедното сопирање тука се двојните 310mm дискови напред кои ги гризе двоклипна шепа, додека надвор се наоѓа 265mm диск и шепа со еден клип. Сопирачките се поставени на, задолжителните за оваа класа, жичани бандажи и тоа напред од 21 инч, а назад од 18 инча, обуени во Metzeler Karoo Streets за алфалт или Dunlop Mixtours за малку подиво возење. Стандардното седло е поставено на 850mm со можност за доплата за пониското седиште кое е на висина од 820mm.

Освен модерниот издувен систем, големиот ветробран и LED светлата, се друго е во познатиот Translap дизјан надограден со модерната технологија, па во зависност од цената со која ќе настапи Honda ќе зависи и успехот на овој модел кој се поставува под поголемиот брат CRF1100L Africa Twin, но е сепак далеку поспособен од урбаниот NC750X и веројатно двојно поевтиниот CB500X.

Back To Top